Децата од Македонија бесплатно до Дубаи

Авиопревозникот од Дубаи, flydubai („Флајдубаи“) овозможи децата од Македонија во следните три месеци бесплатно да летаат до Дубаи. Целта на ваквата промоција е да се промовира Дубаи како врвна туристичка дестинација и да им овозможи на патниците почесто да ја посетуваат.

Семејствата кои сакаат со себе да носат деца до 12 години без да платат надоместок, треба купат авионски билет од Скопје до Дубаи најдоцна до 31 јули за лет до 10 септември

Извршниот директор на компанијата Гаит Ал Гаит, коментирајќи ја понудата, вели:

- Една од нашите цели како компанија е да воспоставиме нови врски меѓу Обединетите Арпаски Емирати и Скопје. Оваа специјална понуда на семејствата ќе им овозможи да ужуваат во уште подостапен одмор во Дубаи на којшто ќе можат да се забавуваат во одделите за игра во трговските центри и да се восхитуваат на панорамата на Дубаи. Заштедувајќи на билет за децата, семејствата можат да потрошат повеќе средства во текот на одморот, вели дирекорот, пренесува Курир.

Патниците, за време на летот до Дубаи ќе можат да изберат од над 1.000 часа забава од современиот систем на flydubai, кој опфаќа над 220 филмови, 160 телевизиски програми, игри и музика. 

Флајдубаи почна да оперира од Скопје на 22. октомври минатата година. Почетната цена на авиопревоз од Скопје до Дубаи е приближно 396 евра за повратен билет.

најчитано сега