Неколку митови поврзани со алергиите

Пролетта е период кога започнуваат проблемите со алергиите кај многу луѓе, но на овие митови никако не смеете да им верувате.

Мит: Витаминот Ц е корисен кај алергиите

Вистина:  Иако овошјето е богато со витамини, бидете внимателни ако сте подложни на алергии затоа што некои овошја, како што се јаболките, бананите, праските и сливите во големи количества можат да предизвикаат иста алергиска реакција како и поленот или одредени видови трева.

Мит: Хипоалергиските раси на кучиња нема да ја влошат алергијата

Вистина: Пудлиците, шнауцерите или јоркширските териери се сметаат за хипоалергенски раси, бидејќи не се митарат и имаат помалку првут. За жал, не постои научен доказ дека овие раси на кучиња произведуваат помали количества на овој протеин, па секогаш по играта со вашето домашно милениче добро измијте ги рацете со сапун и топла вода.

Мит: Нема прашина, нема алергии

Вистина: Сите ја знаеме старата изрека „Чистотата е половина здравје“ и секако треба да се задржи. Сепак, малата изложеност на нечистотија и бактерии е на некој начин здраво, бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем. Затоа, не дозволувајте да станете роб на чистењето бидејќи прашината секогаш ја има и невозможно е да се искорени.

Мит: Перницата штити од грини

Вистина: Ако не сте ја испрале перницата повеќе од три години, треба да бидете свесни дека нејзината тежина во меѓувреме се зголемила бидејќи е преполна со прашина и грини. Навлаката треба да ја перете најмалку еднаш неделно, а перницата најмалку двапати годишно.

Мит: Освежувачите на просторот го прочистуваат воздухот

 

Вистина: Освежувачите на воздух во просторот содржат многу штетни хемикалии за оние кои страдаат од алергии, како формалдехид, нафтени дестилати и алкохол.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега