Математиката создава успешни кадри и интелигентни луѓе
Очигледни се политичките влијанија врз средношколскиот пленум, кој е нелегитимен претставник на учениците во Македонија и кој организира протести и бојкот на настава, со главно барање математиката да не биде задолжителен предмет при полагање на државната матура.
Средношколската унија, како единствен легитимен претставник на средношколците, веќе преговараше и договори со МОН дека математиката наместо задолжителен, ќе биде алтернативен предмет при полагањето.
Од овде станува јасно дека целиот процес е политизиран, при што пленумот кој важи за продолжена рака на СДСМ и е нелегална организација настапува со организирање на бојкот на наставниот процес.
Пленумците досега не испорачаа никакви барања до надлежните, но во исто време оваа фантом-организација составена од активисти кои најмногу се дел од подмладокот на СДСМ, продолжи да дава изјави кои не се најавени и се даваат само за медиумите финансирани од СОРОС.
Во налетот да се одбранат нечии крајни интереси, со кои се наштетува на образовниот процес, во целата оваа ситуација се заборава суштината и она што треба да е најважно и јасно за сите.
Средношколците кои бојкотираат настава и протестираат бегајќи од математика забораваат колкаво е позитивното влијание на оваа наука врз интелектуалниот потенцијал на човекот и нејзината општокорисност.
Факт е дека општествата каде математиката со должно внимание е дел од образовниот процес, се понапредни во повеќе сфери.
Зошто влијанието на математиката е позитивно врз развојот на младите дава одговор и поткрепа медицината.
Имено, научно е докажано и според студиите на престижните Харвард и Оксфорд дека децата кои посветуваат внимание на математиката интелектуално повеќе напредуваат независно дали таа е нивната клучна или споредна определба. Таа има клучно влијание врз когеративните функции на мозокот односно виугите. Истовремено тие луѓе побрзо размислуваат, се истакнуваат во иновативноста и развој на претпремиачкиот дух. Научно е докажано дека тоа се луѓе и со подобра и пообилна меморија и со практични знаења кој се применуваат и во другите сфери. Таа исто така влијае и врз развојот на психолошкиот профил на личноста како и врз севкупниот интелектуален потенцијал.
Мноштвото европски и светски земји, како Австрија, Хрватска, Ирска, Шведска, Латвија, Унгарија, Полска, Словенија, кога е во прашање математиката го делат ставот дека се работи за материја која се третира многу практична и ефективна во секојдневниот живот, во сите општествени сфери. Математиката има големо влијание врз севкупниот општествено економски развој, а тоа го покажуваат бројни примери во светот, каде влогот во математичките познавања на учениците и студентите е континуиран и сериозен, исто како и очекуваниот ефект.
Во Шангај, Сингапур, Хонг Конг, Кореа, Јапонија, Швајцарија, Холаднија, Естонија, Финска чиишто ученици постигнуваат највисоки резултати на ПИСА тестирањето по предметот математика и се наоѓаат на првите 10 места, домашниот бруто производ во последните 4 години им се зголемува во просек за 4,6%. Додека земјите рангирани од 10-то до 20-то место, како Канада, Полска, Белгија, Германија, Виетнам, Австрија, Австралија, Ирска, Словенија и Данска имаат пораст на БДП за 1,9% во последните 4 години.
Оттука, оправдана е посветеноста на земјите кон математиката, како основа на сите општествени сфери и дејност. Меѓу земјите од ЕУ, Британија е најрадикална во ставовите по однос на математиката, ако се земе во предвид дека властите поставија таргет - државата да биде најдобра во Европа и меѓу петте први земји во светот по математика и англиски јазик до 2020 година.
Еден од примерите е Велика Британија, каде Владата неодамна одлучи да им доделува по 15.000 фунти (над 22.000 евра) на млади луѓе кои ќе се одлучат да студираат математика или физика, а условот е да тие по дипломирањето да ги предаваат овие предмети три години.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа