Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со низа активности во пресрет на Велигден

Претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, заедно со раководствата на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од општинските комитети Аеродром и Гази Баба направи велигденска посета на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост и СОС Детско село.

-Денес, на Велики Четврток сме во посета на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост и СОС Детско село и онака како што налага традицијата и нашите обичаи заедно со штитениците и од Центарот и од СОС Детското село ги украсувавме велигденските јајца. Особено ме радува тоа што денес дадовме придонес за добро празнично расположение и насмевка на детските лица. Ја користам оваа прилика на сите припадници на Христијанската вероисповед да им го честитам најголемиот Христијански празник Велигден, со желби за добро здравје, благосостојба и мир во секое Христијанско семејство со народниот поздрав Христос Воскресна, изјави Даниела Рангелова претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

За време на посетата на СОС Детското село Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ доби поддршка и од уметникот Живко Поповски Цветин.

-За мене е чест што сум денес тука заедно со Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ. Сакам да ја поздравам оваа акција и да истакнам благодарност до претседателот на Унијата на жени за поканата да денес бидам тука со нив, бидејќи верувајте нема поголемо богатство од група на насмеани детски лица. Мојот последен проект, изработката на цветната патека на мирот го има за цел токму тоа, мир во светот и што повеќе насмеани детски лица, изјави Живко Поповски Цветин.

Директорот на СОС Детското село Виолета Георгиевска упати јавна благодарност до Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и во минатото Унијата на жени има реализирано голем број на активности во соработка со СОС Детското село и на претседателелката на Унијата и врачи благодарница за денешната посета.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 16:25
Фото: 
КУРИР

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега