„Блиц“ објави Ценовник на корупцијата во Србија

Белградскиот весник Блиц денеска објави т.н. Ценовник на корупцијата во кој се посочени цени со кои може да се купи диплома, дозвола за градба, да се избегне казна...

Според ценовникот, за 300 евра може да се премине во повисок клас во училиште, за 3.000 евра - докторска титула, а ако сакате дозвола за градба таа ќе ја добиете за илјада евра.

Ако родилка сака да добие посебна грижа во болницата, треба да плати илјада евра поткуп.

Весникот додава дека цените се изразени во евра - „валута што е многу распространета во државата“.

Ценовникот е објавен една недела откако директор на белградска болница беше уапсен бидејќи побарал 500 евра од пациент за да го помести понапред на списокот на луѓе кои чекаат операција. 

 

 

Оцени ја веста

11.04.2015 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега