Грција треба до 20 април да подготви реформи во замена за последната транша од помошта

Европските партнери и дадоа на Грција рок до 20 април да подготви список со прифатливи реформи во замена за последната транша, која ќе и биде испратена преку програмата за меѓународна помош, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Според весникот, овој датум е единствената можност за да можат кредиторите на Грција да имаат време да ги разгледаат предлозите за реформи на Атина пред средбата на Еврогрупата во Рига на 24 април.

Атина одбива да прифати намалување на пензиите и платите, и поради таа причина преговорите за грчкиот долг се без успех.

Грција очекува од август исплаќање на 7,2 милијарди евра европска помош. Тоа е последната рата од меѓународната помош за земјата во износ од 240 милијарди евра, кои се одобрени во 2010 година во замена за драстични реформи. 

 

 

Оцени ја веста

12.04.2015 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега