Премостување на меѓугенерациската поделеност

Би-Би-Си – Лондон

Кога една 40-годишна позната светска консултантка во Франција неодамна одржа презентација пред нејзините претпоставени, таа го доживеа најголемиот шок во нејзиниот живот.

На крајот на говорот, еден 25-годишник кој неодамна дошол како почетник во компанијата, станал и одбрусил: „Вашата работа ништо не вреди. Јас не би го направил тоа така“.

- Одеднаш сфаќате дека… генерацијата која доаѓа не е баш иста како вашата генерација, рекла жената која ни ја раскажа приказната под услови на анонимност. „Помладите генерации се амбициозни и индивидуалисти, и се обидуваат за себе да создадат име. Но можеби и претеруваат“.

Меѓугенерациската поделеност помеѓу „генерацијата икс“, односно оние кои се родени помеѓу 1965 и 1977, и „милениумците“ кои се родени по тој период, е се поочигледна на работните места каде некогаш почитуваните постари работници и младите нововработени нема голема шанса да создадат однос ментор-ученик, но има се поголема веројатност да дојде до судир ако не се гледаат „очи во очи“.

Но разбирањето на причините зошто ова се случува, може да помогне да се дојде до стратегии како да се премости јазот – и да се спречи непосакуван конфликт. Би-Би-Си кепитал запраша неколку експерти за нивно мислење како да се олеснат напнатоста помеѓу генерацијата икс (и други генерации) и „генерацијата ипсилон“ на работните места.

Научете да го зборувате јазикот на другиот

Треба да го читате кодот на однесување на генерацијата и да се адаптирате на начинот на размислување и јазикот кога е тоа можно, советува Ана Лиота, автор на книгата „Отклучување на генерациските кодови: Разбирање на она што ги предизвикува генерациите да се вклучуваат и она што ги исклучува“. На пример, милениумците имаат сосема поинакви емоционални потреби отколку другите генерации, вели таа.

- Милениумците пораснуваат играјќи во тимови, вели Лиота, која е консултант на корпоративни клинети за начините како да се разберат потребите на секоја генерација за да се избегнат недоразбирања и поииска продуктивност кај вработените. „Порано се се сведувало на изградба на самодоверба. Никој да не заостане. Како едно село. Сега доаѓаат на работа каде нивните родители биле и тренери и навивачки, и икс генерацијата вели: Не. Треба самите да си откриете“.

Лиота се фокусирала на четири групи кои моментално работат на исто работно место: „традиционалисти“ (родени помеѓу 1927 до 1945), „бејби бумери“ (од 1946 до 1964), „генерација икс“ (родени од 1965 до 1977) и „милениумци“ или „генерација ипсилон“ (родени 1978 до 1999), и го проучува однесувањето на секои од нив околу различни теми во врска со работното место.

Воглавно, традиционалистите веруваат дека „ниедна вест не е добра вест“ во однос на нивната продуктивност, вели таа. На бумерите, кои имале голема конкуренција на работното место, можеби им треба да се постават во центарот на вниманието и се горди на годишните извештаи за нивните постигнувања. За генерацијата икс, Лиота вели дека извештаите еднаш годишно не се доволни. Но на милениумците им треба постојано повратна информација затоа што израснале во инстант, позитивно поттикнување.

Ларс Судман, 38-годишен извршен директор и раководител, го прифатил својот стил на повратна информација за дваесетгодишниците кои работат како софтверски програмери во неговата почетничка компанија Прес Мастер во Белгија. „Читав за потребата на милениумците за повратна информација но се повлеков кога се соочив со тоа. Морав да ја прилагодам мојата конверзација еден со еден, и да дојдам до идеи како да ја подобрам. Мојата стратегија е да им бидам на располагање за совети кои можам да им ги давам секоја недела“, вели Судман.

Постојаните барања за повратна информација на неделна основа била „како расипана плоча“, вели Судман. И постојано и постојано, исто барање речиси во исто време со иста реченица и со ист ритам. „Имаше вистинска жед да повратна информација иако и како менаџер веќе давав доволно повратни информации“, рече Судман.

Пронајдете вистински комуникациски канал

Низ историјата, новата генерација која доаѓа секогаш ќе сака да биде малку побунтовна и поразлична, вели Мичел Рендел, партнер на ПвЦ во Велика Британија, кој раководи со консултантската пракса за човечки ресурси на глобално ниво во оваа фирма. Она што е поразлично сега е што младата генерација денес е технолошки многу добро поврзана, и сакаат отвореност, дури и за нешта како што се платите на нивните колеги.

- Сето ова почнува да влијае на работното место, вели тој. „Традиционалниот пристап кога менаџерот зборува со тимот вработени веќе не функцонира“.

Минатата година, Рендел работел со извршен директор кај глобален производител во хајтек воздухопловната индустрија, кој учел од социјалните медуми од каде биле инспирирани и милениумците. Извршниот директор имал свој јутјуб канал да разговара за стратегиите со вработените и добивал повратни информации преку коментари на видеата. Тоа била ефикасна нова комуникациска алатка во индустријата која е многу конзервативна, затоа што вработените можеле да ги гледаат кога и каде сакаат, а токму тоа и го сакаат милениумците, рече тој.

Директорот клиент на Рендел исто почнал да пишува и зборува пократко и попрецизно, инспириран од кратките директни коментари кои доаѓале до него. „Сосема кратките пораки ви овозможуваат да бидете прилично прецизни“, вели Рендел, кој гледа дека се поголем број извршни директори пишуваат на свои блогови за секојдневната работа.

Размислувајте за алтернативен став

Понекогаш несовпаѓањето во комуницирањето се појавува заради тоа како некој е облечен или манирите на личноста, што може да се поврзе со возраста, но и не мора. Ако млад човек носи пантолони под неговиот задник, на пример, дали тоа значи дека таа личност нема морален код? Ако ги движи рацете како рапер, дали тоа значи дека таа личност не е сериозна на работното место? Овој вид на погрешни стереотипи може да резултираат со тензии на работното место.

Исто така, луѓето мора да бидат внимателни да не придонесуваат во тензиите меѓу генерациите заради разликата во годините, вели Метју Кеплан, професор по Меѓугенерациски програми и стареење на Државниот универзитет во Пенсилванија во САД.

- Постојат многу луѓе кои си прават добри кариери помагајќи им на професионалците во кадрови одделенија во фирми со познавање на таканаречените тајни на работата со помладите генерации, вели Кеплан. „Проблемот е што вашата возраст е единствениот фактор кој влијае на стилот на комуниакцијата. Исто тоа е и вашиот пол, вашата етничка припадност и вашиот културен бекграунд, како и вашиот социоекономски статус. Групирањето излегува од контрола – премногу категоризации за да се објаснат разликите“.

На работното место, целта е луѓето да имаат корист од сечии вештини и знаење, без разлика на возраста. Ова вклучува и решавање на проблеми и создавање на нови бизнис прилики со ангажирање на сите нивоа на искуства, вели Кеплан.

Технолошка поделеност

Начинот на кој различни генерации ги користат технологиите исто води до комуникациска поделеност, вели Лиота.

На пример, милениумците постојано ги користат своите телефони и имаат непопречена потреба да ги проверуваат пораките стотици пати на ден, вели Лиота. Неодамна, по едно нејзино предавање во Асоцијацијата на професионални голф играчи, каде Лиота го забележала ова, и пришол некој млад човек. „Ми рече: Гледав во телефонот додека зборувавте, но не ве игнорирав. Сакаше да ми докаже дека знам дека не бил отсутен“, вели таа. „Посебно за бејби бумерите, а за традиционалистите дефинитивно, ова е знак за непочитување да не се гледа во некого додека ви се обраќаат. Ова го нарекувам генерациски код во акција. Кога ќе ги опоменете милениумците дека не внимаваат, тие велат: Што мислите со тоа? Ве слушав. Истражував за тоа што го зборувате“.

Ако ова ви се случи и на вас, можеби ќе ви ги отвори очите да знаете дека милениумците можеби одат до нивната или неговата дигитална мрежа за да ви помогнат. „Во секој момент, милениумците можат да бидат вклучени во 40 различни конверзации со нивното опкружување, кое е глобално и не мора да биде само опкружувањето на работното место“, вели Лиота.

Како објективот на технологиите, недоразбирањата може да се појават кога луѓето не успеваат да го замислат искуството на другиот.

Мариеке Кура, 27-годишна магистрантка во Франкфурт, неодамна завршила со праска во една голема компанија. Таа и нејзините пријатели биле понекогаш изнервирани од постарите колеги кои не ја разбирале тешкотијата коа ја има нејзината генерација при влезот во светот на работата.

- Начинот на кој постарите колеги порано биле вработувани е сосема различен од овој денес. Тие не морале да одат на пракса и пробна работа, и имало далеку помалку конкуренција. Понекогаш луѓето велат: Е, па и не е толку тешко! Тие не знаат како е да испратите 50 апликации за работа и ниту една да не ви донесе плод“.

Кој начин го избира Кура да се справи со овие ставови кога ќе налета на нив од повозрасно лице?

- Би му кажал нему или на неа дека времињата се сменија, но и дека се што не е ново не е и злато. Нема емотивно да претерам, вели таа. „Ќе си ги кажам фактите“.

 

 

Оцени ја веста

12.04.2015 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега