Исус е љубов

Исус со неговата моќ ни помогна да преминeme на патот од умот кон срцето, душата, кон изворот на животот, кон Сепството.  Душата е вечна, на земјата  престојува подолго од раѓањето, смртта, имињата или формите. Во Исус го пронаоѓаме целосениот израз на љубовта.

Исус и љубовта се синоними. Ако кажете љубов, не треба да кажете Исус, кажувате љубов. Поим кој означува полнотија, го достигнува максималниот израз на неизречивост, што животот настојува да го изрази низ времето.

Љубовта и храброста одат заедно, еве погледнете ја Исусовата храброст. Тој вели: "Мирољубивите ќе ја наследат земјата. Мирољубивите ќе го наследат небото. " Поради тоа љубовта ве прави покорна.

Без сомнение, љубовта е најмоќната сила во универзумот и ве носи кон царството небесно. Во тоа време, и покрај направените чуда, на Исус му било потребно да докаже дека е син Божји. Меѓу илјадници луѓе, само неколку го следеле. Тие не биле интелектуалци, биле обични луѓе, невини луѓе.

Ова е затоа што на умот му се потребми докази. Тој не може да го разбере Исус, само срцето може да го почувствува неговото присуство. Оние кои го распнале Исус не биле лоши. Тие биле неуки. Библијата вели: "Не судете и нема да ви се суди." Христос бара од нас да не судиме и да пуштиме само Бог да суди. Спротивно, во име на Исус, во име на религијата, луѓето меѓусебно се убиваат едни со други.

Кога навистина ќе се заљубите во Исус, ќе го видите насекаде. Ќе се сруши ограничениот концепт на односи со некој, концептот на својот идентитет и повторно ќе го запознаете божественото во себе.

 

 

Оцени ја веста

12.04.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега