Кој ќе биде помилуван на 2. август?

Секое чудо за три дена! - како и секој судски процес во Република Македонија каде што организирана група е фатена како врши одреден криминал, од спектакуларното апсење, до секојдневното информирање со тоа колку и како таа организирана група го оштетила Буџетот на Република Македонија, па се до пресудата во првостепената постапка.
Очигледно дека Претседателот на Република Македонија, професорот Ѓорѓе Иванов, го следи чекорот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски со давањето на помилувања кои ќе побудат реакции кај македонската јавност. Во времето на Бранко Црвенковски како Претседател на Република Македонија, симбол на ова претседателствување ќе остане аболицијата на сегашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, но и помилувањето на Александар Верушевски, син на Зоран Верушевски, кој во времето на СДСМ од УБК се сели во Италија како амбасадор на Република Македонија.

Целиот пост прочиајте го на блогот на Неутралец

 

Категоријата БЛОГЕРАЈ има за цел да ја развива слободната мисла и да ги поттикне читателите својот став да го искажат јавно. Се превземаат главно теми поврзани со политката, социјалата и актуелните настани. 
Редакцијата на Press24 го превзема само воведот на авторот, а за целиот текст чистателите ги упатуваме на оригиналниот линк. Редакцијата на Press24 не секогаш ги дели ставовите со оние на авторот на постот.
Сите заинтересирани блогери кои сакаат нивниот пост да биде објавен во оваа рубрика може да го контактираат уредникот на aleksandar@press24.mk

најчитано сега