Барате работа во странство - Плаќаат 150 евра од час само да го работите ова

Низ хрватските медиуми овие денови се шири веста за напорна, но брза заработка, за која не е потребно познавање на германски јазик, туку само добра телесна кондиција и доволно слободни денови за привремено вработување.

Како што пишува Слободна Далмација, се работи за берачи на аспаргус во Германија со дневна плата која достигнува и до 150 евра, пауза за обилен ручек и слободна недела.

Сезонската работа на берачи на аспаргус трае од овие денови па до јуни (во времето на сезoната на аспаргусот), а за разлика од добрата и брза заработка, како негативна страна на оваа работа тревба да се истакне подгрбавената положба, макотрпна репетитивна мануална работа и повремено тешко подносливи климатски услови – топло и работа во кал.

Јасминка Лемо, претседателката на Здружението на невработени во Сплитско-далматинскиот округ порачала дека ваквиот тип на вработување не е трајно решение.

-Целосно ги разбирам очајните, невработени и презадолжени граѓани, не само во Хрватска туку на цел Балкан, кои ги разгледуваат опциите за сезонска работа во странство, но ние – а веројатно и тие сами не го сметаат за сериозно решение.

Поопширно прочитајте овде.

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега