Крвав инцидент во „XL“: Татко и син сакале да ги заколат гостите

Татко и син сакале да ги заколат гостите во еден  српски клуб. Влетаа во клубот со нож и со шипка во рацете. Викаа од врата и им се фрлија на гостите, ги удираа по ред, можеа сите нас да не убијат. Имавме среќа...  Ова се зборовите на 23-годишниот Јанко Т кој е повреден во саботата кога М.А (31) и неговиот татко М.А (59) вооружени дошле во клубот „ХЛ“ во Шибац за да се осветат за тепањето кое неговиот син го добил неодамна во тепачка. 

- Бев пред клубот кога таткото и синот ги донесоа со автомобил. Носеа шипка и нож, ме прашаа за едно момче, а потоа влегоа во клубот преполн со гости во кој имаше музика во живо, раскажува Јанко. 

Синот го зари ножот во звучникот, а таткото од чиста мира за малку ќе и извадел окотот на Милјан Б кој прв пат дошол во тој клуб. 

- Настана паника, гостите бегаа за да спасат жива глава. Некои истрчаа надвор,додека другите се криеа во тоалетите и позади шанкот. Остнавме ние десетмина, а таткото и синот секој од нас го повредуваа. Се обидовме да ги собориме и а им, го одземем оружјето, но не успеавме, дури ги удиравме со столици, но ни тоа не помогна, вели сведокот Мирк М (24)

Во овој инцидент се повредени седум момчиња, а за насилниците полцијата веднаш ги привела. 

 

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега