СКАНДАЛ: Докторката Јасмина на странци им продавала деца со пречки во развојот

Лекарка од Србија на странци им продавала деца со проблеми во развојот за натамошно посинување, открива српскиот весник Блиц.

Во периодот од 2006 до 2011 година доктор Јасмина Јанковиќ посредувала во 30 посинувања, за кои барала дебили суми на пари.

Американската државјанка Кејси Калварези во весникот директно ја обвини д-р Јанковиќ, во тоа време експерт во Центарот за деца со проблеми во развојот, дека од неа побарала и добила 8.000 долари и многу подароци, за да посредува во посинувањето на малата Софија, која има аутизам, иако процесот на посинување во Србија во пракса е бесплатен. На се што тогаш им се случувало на странците, докторката се обидела Американците да ги измами и со неповолниот курс на еврото.

Репортерите на Блиc направиле обид да се поврзат со Јасмина Јанковиќ за и таа да ја каже својата верзија на приказната. Кога слушнала дека ја бараат новинари од Блиц, таа им го затворила телефонот.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа