Еден во притвор еден во бегство: Расветлено убиството во Тетово

СВР - Тетово поднесе кривични пријави против 30-годишниот Р.Ј. и 23-годишниот А.М. од Голема Речица, кои се осомничени во врска со вооружената пресметка што во петокот на 20 април околу 22 часот се случи во кафе барот Бар код во Тетово.

Р.Ј. веднаш по престрелката во која  6 лица се здобија со повреди од огнено оружје при што А.А.(22) им подлегна на повредите, избегал и по него е распишана потрага, додека второпријавениот А.М. вчера бил изведен пред судија во претходна постапка кој му определил мерка притвор во траење од 30 денови, рече Јосифовски. 

За останатите информации за случајот од полицијата упатија кон јавното обвинителство од каде најавија дека многиу скоро ќе има соопштение на нивнта службена веб страна.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега