Паника во ноќен клуб во Битола - насилници направиле хаос

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.С.(29), Б.К.(26), К.Т.(20), А.З.(27), И.Б.(23) и М.Љ.(22), сите од Битола поради насилство. Во 01 часот и 30 минути пријавените се организирале во група, се собрале пред ноќниот клуб „Расчекор“ во Битола и започнале вербална расправија поради забрана за влез во објектот, по што физички нападнале шест лица од Битола.

Според податоците на полицијата, вработени во  агенција за приватно обезбедување, кои биле на работно место, биле нападнати од нив. Насилниците со дрвени палки и фрлање на разни предмети, кај присутните во ноќниот бар предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, додека на вработените во обезбедувањето им нанеле телесни повреди.   

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега