Пукање во Струга - повредено едно лице

Едно лице е повредено од огнено оружје при пукотница што случи денеска во 12 часот и 40 минути во близина на тоалетот од спортската обложувалница „Спорт лајф“ на улицата „Маршал Тито“ во Струга.
 
- Педесет и тригодишниот А.Н. од струшкото село Велешта се здобил со повреди во градниот кош по што е пренесен во Општата болница во Струга, а потоа, поради сериозноста на повредите префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Настанот се случил денес во 12 часот и 40 минути во близина на тоалетот од спортската обложувалница која се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Од засега непознати причини дошло до пукање Тука е забележан повредениот а веднаш до него и огнено оружје пиштол марка „Берета“ калибар 9 милиметри, пренесе МИА.
 
Полицијата работи на случајот.
 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега