Проверете колку долари вреди вашиот профил на Фејсбук?

Ако сте Фејсбук корисник и исторемено сте фан на некој бренд, просечно на социјалната мрежа вредите 174 долари, утврдила маркетинг компанијата Синкапс. 

стражувањето е спроведено на 2.000 корисници и во него се споредувале фановите на одреден бренд со не-фановите. Споредбата се однесува на купувањето на производи, лојалност кон брендот, колку е личноста желна да го препорача производот и слично.

Сепак, просекот варира значително ако се анализира по брендови, па нормално, фанот на Зара троши повеќе кај таа компанија отколку фанот на Кока Кола троши за пијалаци.

75% од фановите се подготвени да го споделат меѓу пријателите доброто искуство со одреден бренд, како и да ги промовираат попустите. 60% ќе го споделат и негативното искуство.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега