Пукање во Струга: Едно лице во болница

Едно лице е рането со огнено оружје при пукање во центарот на Струга. Инцидентот се случил во четврток околу 12.30 часот, кога било пукано во лице кое во моментот било во обложувалницата „Спорт лајф“.

Поради сериозноста на повредите, лицето е префрлено во Скопје на Ургентниот центар и според податоците на полицијата тоа се наоѓа надвор од животна опасност. Станува збор за 53 годишниот А.Н. од Велешта. Се уште нема информации кој пукал во него.

Подетални информации од СВР Охрид најавуваат во текот на денот. Полицијата работи на пронаоѓање на лицето кое пукало.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега