Пукање во Студеничани: Пет лица во маскирни униформи напаѓаат во околината на Скопје

Пет лица облечени во маскирни униформи запрела група од 18 мигранти од Сирија и заканувајќи им се со огнено оружје им одземале 335 евра, 8000 денари и два мобилни телефони. Едно од маскираните лица почнало и да пука при што повреден е еден Сириец во пределот на поколеницата.
Во тој момент Сиријците ги нападнале своите напаѓачи. Го совладале оној со оружјето  и му го одземале по што случајот бил пријавен во полиција а оружјето предадено на полициските службеници. 

Повредениот сириски државјанин со возило на ИМП бил пренесен во УЦ-Скопје, каде му се констатирани телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Против Б.Ш. по брза постапка ќе биде поднесена соодветна кривична пријава додека пак по останатите лица интензивно се трага.

 

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега