ФОТО: Големата тајна што ја крие македонското Собрание

Ако случајно го погледнете Собранието од птичја перспектива, ќе забележите дека тоа, всушност, е еден пентаграм. Како што пишува Лоза.мк, едната страна е скршена, со што му е оневозможена наполна дистрибуција на моќта и на тој начин овој конструкт е ставен во зависна и сервилна позиција во однос на супериорната институција на моќта позиционирана во Белград. Потоа, неговата географска поставеност, каде што базата на овој пентаграм е свртена кон север, а врвот кон југ. Со тоа, овој и така исфрустриран и скршен пентаграм е поставен наопаку, во сатанистички контекст, каде што спиритуалнтата страна или страната на „боговите“, т.е. северната страна, онаа која тежнее нагоре, кон небесата, ја добива инертната и ирелевантната база на пентаграмот, а врвот и тежнението кон реализација на волјата на народот и моќта е свртен кон југ, што во херметиката ја одразува материјалистичката и телесната страна на постоењето.

“Некои сметаат дека и зградата на Собранието на РМ крие своевидна симболика. Зградата е подигната да служи како седиште на банската управа, што значи инкарнација на власта од Белград. Гледана одгоре, зградата е во форма на петтоаголник, што за слободните ѕидари има симболично значење. Таа форма се нарекува “огнената ѕвезда” и го симболизира преминувањето на калфите во мајсторски степен.” Масони – Бревијар за Древното Братство од Јован Бригиски, издадена од Култура.

ЛОЗА.МК

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега