Програмерскиот маратон „Codefest 2015“ на УИТ „Св. Апостол Павле“

„Истрага на местото на кодирањето“ е мотото под кое на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, викендов ќе се одржува годинашниот трет по ред програмски маратон „Codefest“, единствен настан од тој вид во земјата.

Студенти по информатика 32 часа, колку што трае маратонот, ќе разработуваат креативни и иновативни идеи, ќе изработуваат демо-верзија на продукт со добар бизнис-потенцијал. Од рекордно пријавените 40 екипи, 25 избрани ќе бидат дел од годинашното програмерско натпреварување. На студентите во работата ќе им помагаат ментори, професионалци од областа на информатичката технологија, кои ќе бидат и дел од жирито што ќе ги одбира победниците.

Маратонот по програмирање беше осмислен со намера да ги приближи студентите до компаниите во кои тие набрзо би биле потенцијални вработени, како исклучителен талент од Македонија. За организаторите „Codefest“ е етаблиран настан што успева да донесе на едно место студенти од целата држава, не само од ИТ областа, туку и од сродни научни сфери.

Мартонот „Codefest“ официјално започнува денеска од 10 часот, а завршува утре во 17 часот со прогласување на победниците.

Дел од програмерскиот маратон оваа година ќе бидат и Ербил Караман, продукт менаџер во „Facebook“ и Асиф Раџа, основач и генерален менаџер на „Mindmakr“, кој дел од своето работно искуство го стекнал во компанијата „Apple“. Гостите  предвидено е на отварањето на маратонот да им се обратат на учесниците со мотивациски говори на кои ќе ги претстават своите приказни за нивниот личен успех во кариерата. Настанот ќе го посети и Марко Чаласан, македонскиот компјутерски гениј кој ќе ги поздрави присутните пред почетокот на финалните претставувања на тимовите.

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега