Ревија со македонски модели „а ла франга" во Софија

Во КИЦ на Република Македонија во Софија синоќа се одржа модна ревија „Модните трендови и културата на живеењето од а ла франга до современата мода“.

Проектот чиј носител е НУ Музеј од Куманово ги проследува развојните линии на модното живеење од моделите од „а ла франга", од почетокот на 20 век до денес, а на ревијата беа претставени и креации на модниот дизајнер Александар Рашковиќ, инспирирани од староградската мода.

Настанот го отворија директорите на НУ Музеј Куманово и КИЦ на Република Македонија во Софија, Анита Цветановска и Васко Шутаров.

Автор на проектот е кустос-етнолог од НУ Музеј Куманово, Анита Ѓеорѓиоска а проектот е поддржан од македонското Министерство за култура. 

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега