Луѓе од МОСТ ќе го набљудуваат референдумот во Центар за градскиот трговски центар

 Во функција на спроведување транспарентен референдум во општина Центар, а по покана на општината, Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го набљудува спроведувањето на референдумот, за што како што соопштија оттаму, веќе започнале активностите за набљудување на процесот.

- За набљудување на референдумот на 26 април ќе бидат акредитирани вкупно 100 набљудувачи, кои ќе ги покријат сите гласачки места во општина Центар. Покрај набљудувачите на избирачките места МОСТ ќе распореди и мобилни тимови кои ќе служат како логистичка поддршка на статичните набљудувачи. Дополнително, МОСТ ја следи и работата на изборните органи, се вели во денешното соопштение од оваа Граѓанска организација.

Граѓанската асоцијација МОСТ досега покрај сите национални и локални избори во Македонија почнувајќи од 2002 година, ги има набљудувано и двата референдуми на локално ниво – во општина Чешиново-Облешево во 2004 година и во општина Радовиш во 2007 година. 

Како и  на претходните изборни процеси, Граѓанската асоцијација МОСТ проектот го спроведува согласно меѓународно признатите стандарди за домашно набљудување.

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега