Следува јавен оглас за закуп на државни земјишта и воведување на субвенции за расен добиток

Лозарите и сточарите и сите други земјоделци знаат низ колку реки жедни поминаа со СДСМ од една страна и каква поддршка денес имаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Никола Груевски денеска во Прилеп најави јавен оглас за запук на државни земјишта и воведување на субвенции за расен добиток.

-Вкупно над 25 милиони евра годишни субвенции. Во време на ВМРО-ДПМНЕ на ниво на општина исплатени се преку 100 милиони евра. И кога сум веќе кај земјоделците, да најавам дека  во месец мај ќе има објава на јавен оглас за доделување на државно земјоделско земјиште за закуп до 3 хектари за општините: Гази Баба, Кисела Вода, Битола, Ресен, Тетово, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Кочани, Свети Николе, Велес, Гевгелија и секако овде во Прилеп. Само во Прилеп вкупно ќе бидат распределени околу 800 хектари, потенцираше премиерот.

Тој најави дека наскоро се воведуваат субвенции за сточарите во висина од 50% од трошоците за набавка на расен добиток, вклучително високоприносни грла овци што всушност е и барање на сточарите.

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега