Груевски: Летово започнува со градба експресен пат Прилеп-Градско
Никола Груевски, премиерот на Република Македонија, пред прилепчани ја најави и изградбата на новиот експресен пат Прилеп-Градско.
-Оваа година ќе почнат инвестиции вредни 4.3 милиони денари во изградба на нови регионални и локални патни правци, од кои најголем е новиот експресен пат со 4 ленти чија градба треба да почне ова лето, од Градско до Прилеп инвестиција од 70 милиони евра. Другите патишта се: Прилеп – Маркова Чешма во должина од 1,41км вредност од 12,1 милион денари, локален пат с. Лениште – Манастир Св. Петка во должина од 0,88км со вредност од 6,6 милион денари. Во Април ќе започне реконструкција на железничката станица во Прилеп на која ќе пристигаат и новите шест возови, и се ова со најголем напор на Миле Јанакиески, човекот кој заедно со Марјан Ристевски направија најмногу за оваа општина и овој регион, истакна премиерот.
Тој истакна дека има уште стотици и стотици проекти за Прилеп и за овој регион, кои се изградија или се градат или наскоро ќе почнат со реализирање.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа