Изграден е патот до манастирот Трескавец, при крај е изградбата на патот до Зрзе

На масовно посетениот народен собир во Прилеп, премиерот Груевски се осврна на сработеното во инфраструктурата.

-Во овој период се изгради и патот до манастирот Трескавец, а во финална фаза е изградбата на  патот до манстирот Зрзе, проекти вредни околу 3 милиони евра,  а се инвестираат и 20 милиони евра за изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица во вредност од 20 милиони евра. Исто така преку Европската инвестициска банка се обезбедија пари за изградба на канализациона мрежа  за с. Канатларци и Горно Коњаре. Во моментов се градат 75 станови за социјалните семејства кои во јуни ќе им се обезбеди топол дом, истакна Груевски.

Тој потсети дека е изградена 150 километри водоводна мрежа и нови бунари.

-Решен е проблемот со водоснабдувањето. Инвестиравме 15 милиони евра за навек да немаме проблеми, рече Груевски.

 

 

Оцени ја веста

18.04.2015 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега