Издавачката куќа „Антолог“ ќе отвори книжевен центар

Издавачката куќа „Антолог“ утре ќе отвори книжевен центар во Дебар Маало во Скопје, каде ќе може да се купат книги кои се нејзини изданија, но ќе организира и различни настани од областа на културата.

По повод отворањето на центарот,  во првите три дена (од 20-ти до 22 април) „Антолог“ ќе понуди попуст од 20 до 50 отсто  на сите изданија, а првите сто купувачи ќе добијат и подарок. 

Во текот на трите дена, свои книги ќе потпишуваат писателите за деца и возрасни од повеќе генерации: Велко Неделковски, Александар Кујунџиски, Наум Попески, Сузана В. Спасовска, Душко Крстевски, Анета Попова, Ѓоко Здравески, Исток Улчар, Сузи Тенева, Гаврило Миловановиќ, Ацо Гогов, Сотир Ристо, Димитри Соле Љубин, Андреј Ал-Асади, Стефан Велковски, Живко Грозданоски, Борис Митковски и други, а преведувачите ќе го споделат личното искуство за книгите што ги превеле.

Книгоиздателството „Антолог“ постои 16 години и е основано од писателот Александар Кујунџиски.

 

 

Оцени ја веста

19.04.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега