Изгорено му е повеќе од половина тело: Затвореникот кој се самозапали бо Битола се бори за живот

Затвореникот од Куманово, кој доцна синоќа се самозапали во битолскиот затвор, кај Црн мост, по прегледот во Клиничката болница во Битола итно е транспортиран на скопските клиники.

Според изјава на лекарите од битолската болница, затвореникот кој бил примен  на лекување бил со тешки опекотини и неговата здравтсвена состојба била доста тешка. Кумановчанецот се бори за живот.

Како што пренесува Нова Македонија во болницата не сакаа да даваат други подетални информации за степенот на изгорениците. Сепак неофицијално се дознава дека затвореникот бил со над 50 отсто опекотини по телото.

Инаку во битокскиот затвор за причините и мотивите  што го натерале затвореникот да се самозапали не сакаат да даваат подетални информации.

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега