Дрска кражба во Струга

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 29-годишниот С.М. од струшкото село Лабуништа.

На шести март оваа година, стружанецот од златарата „Корал“ лоцирана во безистенот во Струга, одзел една детска златна белегзија со што се стекнал со 12.000 денари.  Откако пристигнал во златарата, С.М. од сопственикот на златарата побарал да види какви модели на златни детски белегзии се нудат. Во моментот кога сопственикот на златарата вршел мерење на белегзиите, пријавениот С.М. искористил згодна прилика и успеал незабележано да одземе една детска белегзија, по што излегол од златарата, па ја понудил истата на продажба во соседната златара, каде со сопственикот се договориле за купопродажна цена од 70 евра.

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега