Го сопрела полиција па направил хаос на Ленинова

Околу 4 часот по полноќ, на улицата„Ленинова“ во Куманово, бил сопрен Мерцедес управуван од 29-годишниот Б.И. кој возел со 1.05 промили алкохол во крвта.Од страна на полицискиот службеник на возачот му било кажано дека ќе му биде изречена казна бидејќи возел во алкохолизирана состојба, по што истиот се обидел да ги земе документите од полицискиот службеник и започнал да го навредува.

Б.И. е приведен во полициска станица и против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега