Осквернавен верски објект во Штип

Двајца кумановци и двајца државјани на Србија се фатени на лице место од страна на полицијата како вршат недозволено копање и сквернавење во верскиот објект во Штип, кој за православните верници е црквата Свети Илија, а за муслиманските верници Хусамедин пашина Џамија. Објектот е прогласен за културно-историски споменик и е во сопственост на Министерството за култура.

ОД СВР-Штип велат дека дивите копачи, кои се фатени влера рано изутрината водва часот во објектот извршиле две археолошки ископување. На четирите лица им е одреден притвор, а Обвиителството поднесе  соодветна кривична пријава.

Претставниците на Брегалничката епархија и на Исламската верска заедница во Штип го осудуваат овој чин со кој дивите копачи извршиле сквернавење на објектот, во кој верски обреди вршат и двете верски заедници, бараат соодветна казна за сторителите, бидејќи не е првпат овој објект да е нападнат од крадци и диви копачи кои бараат закопано злато.

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега