ФОТО: Прегазен пешак, крв и лелеци - симулација на сообраќајка кај Александар Палас

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во 12:00 часот кај надвозникот во близина на хотел Александар Палас кога возило со тројца патници излета и удри во пешак, кој поминувал по патот, при што се здобил со скршеница на бутната коска и бил во несвесна состојба. Возачот се здобил со скршеница на раката.

Автомобилот бил управуван од средношколец кој бил во алкохолизирана состојба. Сопатниците исто така средношколци, кои во времето на несреќата се враќале од припрема за прослава на матура, а сите имале консумирано алкохол.

За среќа, сите учесници во сообраќајката се во добра состојба, бидејќи оваа несреќа беше симулација со цел подигање на свеста на граѓаните, дел од кампањата за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот.

- Оваа симулациска вежба преставува уште еден чекор утврдувањето на крајната цел на оваа кампања а  тоа е спасување на што повеќе човечки животи и спречување на негативните последици од сообраќајните несреќи, изјави заменик министерот за здравство, Јовица Андовски.

Целта на денешната вежба е уште еднаш да покажеме дека пешаците спаѓаат во онаа категорија на ризични учесници во сообраќајот кои често се соочуваат со проблеми и често се жртви во сообраќани несреќи. Истовремено сакаме да покажеме дека системот е спремен да одговори на ваков тип на несреќи, подвлече претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски.

 

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 13:29
Фото: 
КУРИР

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега