Четворица пешаци тешко повредени - што се случувало на скопските улици?

 

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и четворица пешаци.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 26 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци, 24 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.Осум возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, како и шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, односно не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 84 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега