Аки Ракимовски: Во срцето цел живот живеам во Македонија!

Својот 40-годишен јубилеј од постоењето на балканската музичка сцена, „Парни ваљак“ ќе го прослават и во Македонија. Ексклузивно за Курир, Аки Ракимовски говори за претстојниот концерт, но открива и на што работи групата во моментов.

-Се веселам дека по 10 години, последен пат бевме во Универзалната сала, каде беше проштална турнеја, а и роденденска, еве сега сме повторно тука, особено за мене е голема радост дека ќе тргнеме од Скопје да ги славиме тие 40 години на Парни ваљак. Во меѓувреме сме во Словенија каде снимаме и работиме на нови песни, кои ќе излезат некаде кон крајот на годината, но она што за нас е сега најважно, тоа е Скопје. Тука ќе се веселиме и со генерацијата и со онаа најмлада публика која верувам дека желно не очекува, бидејќи 10 години не е краток период. Ќе го оправдаме тоа што се вели голем концерт на Парни ваљак  се знае што е и како е, заедно ќе се веселиме, вели Ракимовски за Курир.

Овој музичар многу добро ја познава македонската публика. Тој на своите колеги од другите земји им кажува дека тука само најдобрите можат да играат и пејат.

-Јас сум тука дома. Знам дека таа една голема доверба која ја имаме кај нашата публика и кај нашите луѓе, не дека само ќе ја оправдаме, туку дека заедно ќе уживаме во тој концерт. Моите дечки од составот велат „Скопје, супер“! Мислам дека се знае, ако не знаеш да играш и пееш, во Скопје немој да правиш такви работи. А ние тие работи ги правиме многу добро. Ќе биде тоа еден спој. Јас за секој концерт велам дека е нов и даваме максимум, еден чесен и искрен пристап кон публиката и фановите со она што не држи 40 години. Се надевам дека на 16-ти мај заедно со цела Македонија ќе ги прославиме тие 40 години и ќе им дадеме еден прекрасен концерт, вели тој.

Во Македонија живее неговото семејство, овде тој ги чува спомените од своето детство. Си замина поради песна, но со песни секогаш се враќа.

-Емоција е! Тука ми е еден дел од животот. Особено за мене, кој тука имам живеено до свои 20 години. Но, јас цел живот живеам тука, во срцето, вели Ракимовски за Курир.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега