Искршени стаклата на новата општинска зграда во Прилеп

Засега непознат сторител утрово околу 7 часот ги искршил стаклата на вратите и на големите прозорци од предната и едната страна на новата општинска зграда во Прилеп. Ова го потврдуваат хигиеничарките кои изутрината ја чистеле зградата.
 
- Околу 6.45 часот изутрината со колешката работевме во просториите на зградата и одеднаш слушнавме силен и страшен звук. Се исплашивме, но кога се доближивме до надворешниот дел од зградата забележавме искршени стакла и фрлен камен. Не се огласи аларм зашто за време на нашето работење се исклучува системот. Веднаш го информиравме обезбедувањето, а тоа повика полиција, вели Наташа макешоска, хигиеничарка, пренесе МИА.
 
Стаклата целосно се искршени на предната страна, на сите врати и големите прозорци од страната на зградата кон паркот.
Од полицијата велат дека дополнително ќе информираат за настанот.
 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа