Супер вести: Метеоролозите најавуваат лето за Први Мај

Оваа година дефинитивно имаме среќа. Први мај се паѓа во петок, што значи дека ќе имаме продолжен викенд што пак значи можност да заминеме некаде и да ги наполниме батериите. Иако искуството вели дека речи си секогаш за Први мај врне дожд, метеоролозите, барем од оваа дистанца велат дека не треба да се грижиме. Иако е рано за да може да се зборува за прецизна временска прогноза, сепак, најавите се дека за првомајските празници ќе имаме речи си летни услови и многу сонце, што секако е она што всушност се бара од времето.

Скопје

Доколку се решите да останете во Скопје ќе уживате во максимални температури од 25 степени. Тоа значи дека денот ќе биде совршен за скара во природа и уживање со пријателите под сонцето.

Охрид

Охрид е дестинација која несомнено ногу Македонци ќе ја одберат за првомајските празници. И во македонскиот туристички бисер ќе може да се ужива на 22 степени и сончево време.

Маврово

Оние кои ќе се решат за планина нема да згрешат. Метеролозите велат дека сонце нема да фали и во Маврово. Температурите од 18 степени се идеални за пикник во природа.

Дојран

Дојран традиционално личи на кошница со пчели за првомајските празници. Така се очекува и оваа година а и времето нема да изневери. 26 степени се гаранција за прекрасен викенд.

Преспа

Доколку одамна не сте биле на Преспанското Езеро, можеби оваа година треба да отидете баш за Први Мај. Нема да погрешите, а ќе ве послужи и сончевото време со 22 степени.

Халкидики

Јужниот сосед е топ избор за многу Македонци. Додека на територијата на Македонија се најавува супер сончево време, на Халкидики, каде што одат најмногу Македонци, времето ќе биде променливо и облачно а температурите ќе се движат околу 23 степени.

Каде и да заминете, не заборавајте, дека во речи си сите излетнички места, палењето скара е забрането. Онаму каде што не е, внимавајте со оганот и соберете го отпадот зад себе.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега