Милошоски: Додека Груевски нуди странски инвестициии и нови вработувања, Заев нуди нови преслушкувања и нови бомби

Основата на функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ  и основата на изборните успеси од 2006 досега е да се делува според поректи, истакна Антонио Милошоски пред граѓаните на Делчево.

-Затоа сметам дека граѓаните реба да бидат најмногу заинтересирани за она што им било понудено на избори и за оствцарувањето на истото . Разликата тука е очигледна, разликата е што во изминатиот период од 70тина дена наназад политичарот Зоран Заев, ако уште можеме така да го наречеме денес, што направи тој-направи обавување на дваесет и некоја деструктивни таканаречени бомби. Додека од друга страна премиерот Груевски направи најава на повеќе од 20 странски инвестиции. И додека СДСМ се радува на соработка со странски служби, ВМРО-ДПМНЕ е задоволна кога има прилика да привлече некој странски инвеститори. Тоа е разликата како ние гледаме на странците и кои странци ни се поважни,  истакна Милошоски.  

На СДСМ, рече тој, им се поважни некои странски или домашни агенти, а на нас ни се поважни странските инвеститори.

-Гледаме дека тие сега добија поддршка и од оној којшто веројатно ја смислил целата оваа ситуација и човекот којшто во континуитет кога е во опозиција создава тензии во државата. СДСМ кога е во опозиција тогаш е најризична, кога се тие на власт, а ние во опозиција делуваме со демократски методи, дали е тоа критика, дали е нудење политичка алтернатива, дали се тоа демострации или било каква друга економска, трговска, образовна реформа или проект. Кога тие се во опозиција тогаш можат и целата држава да ја стават во ризик и во тензија, само затоа што неможат да издржат повеќе од неколку години да бидат на место за коешто тие сметаат дека не им припаѓа, додаде тој.

Тие, рече Милошоски,  сметаат дека се предодредени, без разлика на волјата на граѓаните и на уставот, дека треба да бидат носители на  управувањето на власта во Р.Македонија.

Затоа она што го првата сега, според него, не е никаква борба за демократија, ниту за подобра економија, туку ова е само една црно-бела слика во нивната борба за власт, каде што Заев, Црвенковски и Шекеринска сметаат дека народот погрешно одлучил на избори што ја дал довербата на некој друг.

-Тоа е основата на нивното делување со секоја постапка тие не нудат нешто ново што ќе биде политичка понуда за година или две понапред, туку секоја постапка е обид како да се покрие изборниот пораз од претходните избори. И ова што го прват сега не е за да докажат нешто друго, туку да докажат дека народот згрешил што нив не им ја дал довербата. Мислам дека се свесни дека со ова прават голема меѓународна штета на угледот на сосптвената држава, посочи Милошоски.

 Најголемата штета на угледот на државата, како што истакна тој, на меѓународен план се случува кога домашни политичари ќе ја кодошат сопствената земја во очите на странците.

-Тоа го прави во моментов Зоран Заев и раководството на СДСМ и тоа само од една единствена причина, бидејќи не се здоволни од она што го добиле како изборен резултат, рече Милошоски.

Додека Груевски нуди странски инвестициии и нови вработувања, рече тој, Заев нуди нови преслушкувања и нови бомби, а Црвенковски нуди нови протести.

-Илузија е дека Црвенковски и Заев можат да понудат нешто повеќе за странските инвеститори, и знаеме што можат тие да понудат за слободата на медиумите, затоашто во времето кога СДСМ имаше апсолутна валст имаше само два печатени весници и една телевизија којашто се контролираше со далечинското од страна на СДСМ, рече тој.

Според него, Заев бомбардира дека нуди слобода и демократија, правда, обвинува за криминал, а заборава дека народот го помни скандалот за „Глобал“ и неговата аболиција.

Милошоски упати порака до Заев и Црвенковски ако сакааат да разговараат за коалиции за влади, за сојузништва и одговорност нека повелат во Собранието на Република Македонија.

-Таму се разговара и договара јавно и транспарентно и за реформи и за програми и за сите битни прашања за граѓаните и за државните интереси на Македонија, рече Милошоски.

Тој рече дека нема да дозволат фристрациите, неостварените желби на 5-6 луѓе да бидат поважни од желбите за стабилна држава и за развој на два милиони граѓани.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега