„Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава“ - МВР со детали за инцидентот во Гошинце

Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава. Со овие зборови 40тина терористи со маски на УЧК утрово околу 2:30 часот ја нападнале караулата во Гошинце, јавува МВР. Според информациите од полицијата, станува збор за добро вооружена група која комуницирала на албански јазик. Заробиле 4 полициски службеници и им ги врзале рацете со лисици, а едниот полицаец бил и удиран.
Еден од терористите преку преведувач им се обратил
„ Ние сме од УЧК. Пренесете дека ни Ахмети ни Груевски може да ве спаси. Не сакаме охридски договори, никој не смее да дојде. Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава.“ – рекол терористот.
Потоа им дале клучеви на полицајците да се одврзат и им рекле дека имаат половина час за да си заминат бидејќи во спротивно ќе ги ликвидираат. Им ги искршиле радиостаниците.

Еден полицаец зел клучеви и ги одврзал колегите и пеш заминале кога слушнале долг рафал од автомат. Според првични информации се работи за лица од Косово. МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Во моментов полицајците се безбедни а полициската караула е ослободена

 

Од МВР велат дека Македонија и нејзините институции биле цел на терористички напад.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега