Пензионери, внимавајте кога преминувате улица!

Пензионери учествувајте одговорно во сообраќајот, затоа што вие давате пример за помладите генерации за сообраќајната култура.

Во рaмките нa кaмпaњaтa зa пoгoлемa безбеднoст нa пешaците вo сooбрaќaјoт, неделава започнуваат активности насочени кон повозрасните граѓани, како посебна ранлива група во сообраќајот.

За таа цел денеска во општина Горче Петров, на најфрекфентната улица „Ѓорче Петров“, беа поделени флаери со едукативно-информативна содржина.

-Целта на денешната акција е да им поделиме едукативни флаери со кои што ќе ги едуцираме пензионерите како учесници во сообраќајот. Кампањата за едуцирање на пешаците како ранлива категорија на учесници во сообраќајот започнува денес, но во наредните денови на територијата на цела Македонија ќе реализираме низа едукативнои предавања кои ќе имаат за цел да ја подигнат свесноста кај овие учесници во сообраќајот, истакна претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски.

Од денеска во општината Ѓорче Петров започнува обележување на сите пешачки премини, а целата сигнализација ќе биде проверена

-ЈСП денеска активно се вклучува со учество на оваа кампања. Преку подигнување на јавната свест за безбедноста на пешаците се зголемува безбедноста и на сите учесници во сообраќајот. Денеска заедно со волонтерите од Црвениот крст во автобусите на ЈСП ќе се делат флаери со промкотивен материјал за подигнување на јавната свест за безбедноста, подвлече претседателот на ЈСП Игор Јанушев.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 12:49
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега