Караулата во Гошинце е под контрола на МВР: Полицајците се безбедни

Полициската караула во Гошинце е повторно под контрола на МВР. Терористите кои вечерва околу 2:30 часот ја нападнале караулата во Гошинце дошле од Косово. МВР информираше дека станува збор за 40 лица маскирани со маски на УЧК кои сакале да извршат напад врз македонските институции.

Според информациите од полицијата, станува збор за добро вооружена група која комуницирала на албански јазик. Заробиле 4 полициски службеници и им ги врзале рацете со лисици, а едниот полицаец бил и удиран.
Еден од терористите преку преведувач им се обратил
„ Ние сме од УЧК. Пренесете дека ни Ахмети ни Груевски може да ве спаси. Не сакаме охридски договори, никој не смее да дојде. Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава.“ – рекол терористот.
Потоа им дале клучеви на полицајците да се одврзат и им рекле дека имаат половина час за да си заминат бидејќи во спротивно ќе ги ликвидираат. Им ги искршиле радиостаниците.

 

Еден полицаец зел клучеви и ги одврзал колегите и пеш заминале кога слушнале долг рафал од автомат. Според првични информации се работи за лица од Косово. МВР презема мерки за расчистување на случајот. 

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега