Николоски на средба со претседателот на ПССЕ

Во текот на редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Шефот на Македонската делегација, г. Александар Николоски оствари средба со Претстедателката на Парламентарното собрание г-ѓа Ан Брасер на нејзино барање. На заедничката средба беше констатирана високата посветеност и активното учество на македонската собраниска делегација во ПС на Совет на Европа.

 На средбата г. Николоски подетално ја запозна г-ѓа Брасер со актуелната состојба во Република Македонија, за неучеството на пратениците од СДСМ во работата на Собранието, како и за објавувањето на нелегално стекнати прислушувани материјали за највисоки државни преставници.  Притоа заеднички беше констатирано дека местото на секој избран пратеник е во Собранието, дека без разлика дали пратениците се од владеачките или опозиционите партии имаат еднаква одговорност за демокрастските процеси во државата, а беше констатирано и дека е недозволиво јавно објавување на приватни разговори како и прислушување зашто тоа е прекршување на основните човекови слободи и права. Претседателката Брасер информираше дека следната недела Делегација на Парламентарното собрание, во состав г. Штефан Шенах, претседател на Мониторинг комисијата, г. Роберт Валтер, известител за Република Македонија и г. Андреас Грос, Претседател на Групата на социјалистите ќе ја посетат Република Македонија со цел да се сретнат со политичките преставници на Република Македонија и да ја утврдат фактичката состојба во функција на подобра подготовка на Извештајот за пост-мониторинг дијалогот на Парламентарното собрание со Република Македонија, како и да укажат на пратениците дека нивното место е во Собранието на Република Македонија.

 

На средбата г. Николоски и упати покана на г-ѓа Брасер да ја посети Република Македонија, нагласувајќи дека досега сите претходни претседатели на Парламентарното собрание во текот на нивниот мандат ја посетиле нашата држава. Таа изрази благодарност и со задоволство ја прифати поканата да не посети штом нејзината агенда тоа го дозволи.   

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега