Стојанче Ангелов го откри вистинското лице

Откако пред извесно време некогашниот претседател на згаснатата партија Достоинство Стојанче Ангелов се закануваше дека со командантот Валтери од УЧК, ќе се борел против власта, денеска бевме сведоци на реализирање на една таква закана – инцидент во караулата „Гошинце“ во која 40 припадници на УЧК зарабоија четворица дежурни полицајци кои ги разоружале, врзале, тепале и снимиле со камера.

Излегуваа на виделина вистинското лице и вистинските намери на лидерот на Достоинство, човекот кој градеше кариера како бранител, па изјави дека ќе коалицира со тие што пукаа во него.

Ангелов пред извесно  време објави статус на Фејсбук во кој реплицирајќи му на новинарот Латас беше експлицитен дека и со командантите од УЧК би се борел  само да падне актуелната власт. 

-Овојпат нема да бидам против него! Овојпат со него ќе бидам против тебе! Против тебе и овој гнасен и криминален режим!, пишува Ангелов. 

Неговата изјава за желба за сојузништво со УЧК, Стојанче ја надополни и со фотографии на кој се појавува со капа од УЧК. Скандалозниот статус во кој гордо вели дека тој сака заедно со УЧК да оди против власта на ВМРО-ДПМНЕ, што тогаш педизвикаа бура реакции на социјалните мрежи и огромен број навредливи коментари на сметка на Ангелов, сега само го откри неговото вистинско лице.

Ангелов уште тогаш самиот потврди дека се основани написите во дел од медиумите во кои се наведуваше дека постои сценарио во кое Ангелов е подготвен заедно со Заев и со помош на радикални исламисти да предизвика обид за дестабилизација на Македонија, написи заради кои тој се закануваше со ликвидација на новинари. 

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега