Соросовите пленуми денес како „Доста е“ во 2001 - целта е да се создаде тензија во општеството

Таканаречените пленуми кои се продолжена рака на СДСМ и нова форма на делување, а во насока на освојување на власта преку креирање на слика за наводно незадоволство кај различните групи на граѓани се иста работа како и соросовата организација „Доста е“ во 2001-ва година.

СОРОС и СДСМ денеска дејствуваат преку пленумите кои се финансирани од нив и се полни со нивни активисти, а идентично во 2001-ва година дел од ова сценарио беше платформата „Доста е“, која пак беше финансирана и организирана од фондацијата СОРОС.

Пленумските активности имаат и силна медиумска поддршка од средствата за информирање под контрола на опозицијата, особено од порталите кои речиси секогаш први, а неретко и единствени, ги дознаваат агендите, односно настаните на средношколскиот, студентскиот, наставничкиот, новинарскиот и другите пленуми, на кои, во најголем дел заеднички заштитен знак им е стиснатата тупаница, симбол на некогашниот "отпор" и белата лада на Бранко Црвенковски.

Иницијативата „Доста е“ беше започната во 2001 година од фондацијата Сорос во Македонија, каде што директор е Владимир Милчин долгогодишен функционер на СДСМ. Оваа иницијатива траеше се до изборите во 2002 година, а веднаш потоа замре. Поголем број невладини организации во 2001 година беа вклучени во Платформата ДОСТА Е и Платформата за мир и стабилност, предводени од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија – Сорос. Тогаш познавачите на ситуациите говореа дека ваквата коалиција на невладини организации беше формирана со  цел да создаде мнение кај јавноста за смена на власта која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ.  

Целта на овие организации е да се создава тензија во општеството, поделба кај народот и одвлекување на вниманието на полицијата, за да не може да дејствува кон надворешни загрозувања.

Дополнително, опозицискиот лидер Зоран Заев се обиде да ја ослабе способноста за одбрана и безбедност. Заев тоа се обиде да го направи преку компромитирање на безбедносните служби, издавање на сензибилни информации за оперативноста на службите и меѓународната соработка на нашата со странски сродни служби, издавање на државни тајни, намалување на моралот на безбедносните сили, создавање на подлога и повикување на конфликтност, нарушување на имиџот на земјата, напади врз правосудните органи, и отворање на простор за радикални сценарија, и сето тоа со креирани, лепени, прелепувани, монтирани материјали и контекст кој тој лично им го даваше, а не беше вистинит и реален контекст.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега