Познат идентитетот на дел од терористите што ја нападнаа караулата во Гошинце

Терористичка група од Гњилане Косово, го предводела нападот врз полициската станица во селото Гошинце, јави Сител телевизија повикувајки се на информации од свои извори на терен. Телевиозијата објави дека станува збор за Џеваир Адеми и извесен Фарух од селото како и Елихан и неговиот брат Кадри Бајрами од селото Жегра.

Се работи за лица кои и се добро познати на полицијата и во повеќе случаи имале проблеми со законот. Се сомничеле за шверц и други кривични дела.

Од МВР нема официјална потврда на информацијата. Велат дека екипите се на терен и дека повеќе информации ќе имс по завршувањето на увидот. 

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега