ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат одлучно, граѓаните да останат смирени

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува денешниот терористички настан во селото Гошинце, се вели во соопштението од партијата.

 

интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

 

Повикуваме институциите одлучно и решително да постапат за расчистување на овој случај, и да ја обезбедат законитоста, сигурноста и стабилноста по сите основи.

Граѓаните на Република Македонија треба да останат смирени и да не дозволат реализација на сценарија чија цел е дестабилизација на земјата и загрозување на редот и поредокот.

Сите политички чинители, поединци и партии треба одговорно да се постават во овие моменти, да се воздржат од манипулации и да не подгреваат тензии кои се единствено во теснопартиски и лични интереси.

Република Македонија ќе ги надмине сите предизвици и ќе продолжи со својот напредок кој е од интерес за граѓаните.

 

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега