ФОТО: Близок човек на Стојанче Ангелов ја демолирал зградата на општина Прилеп

Човек близок до Стојанче Ангелов е кршачот на прозорците во Општина Прилеп. Млад прилепчанец во алкохолизирана состојба утрово околу 7 часот искршил преку 10 надворешни стакла од новата општинска зграда во Прилеп.

krsac500

 

Станува збор за 22-годишниот Никола Т., кој е приведен во прилепската полиција. Како што може да се види од оваа фотографија која кружи на социјалните мрежи, Никола Т. е близок до Стојанче Ангелов и на оваа фотграфија стои веднаш до лидерот на Достоинство.

-Извршен е увид на лице место и се работи на откривање на причините за случајот. Н.Т. и е познат на полицијата како сторител на други прекршоци од сферата на јавниот ред и мир. Алко – тестот кај него покажал присуство на 1.6 промили алкохол во крвта, изјавија од СВР Битола.

Послушникот на Ангелов прво почнал да ги крши со камења стаклата од општинската зграда, а во обид да го запрат агресивното момче на еден од вработените во комунална хигиена кои го чистеле тротоарот пред општинската зграда му ја одзел лопатата и продолжил да крши.

Упатените коментираат дека ваквите инциденти се вториот правец на сценариото на Заев за насилство, дестабилизација и внесување на немир кај граѓаните преку платеникот Ангелов, кој преку свои луѓе кои, како што е случајот со овој млад прилепчанец, сторители и на други прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир се обидува да внесе немир меѓу народот.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега