Петровски: СДСМ сака на власт без избори, капацитетите на МВР се многу посилни од 2001-ва
Народот го препознава сценариото, нема некакво бранување поради бомбите. Има малограѓанштина и воајеризам кога слушаме кој што си зборел, рече Филип Петровски во Сител 3.
Тој вели дека СДСМ сака да дојде на власт без избори.
-Бараат техничка Влада која треба да ја изгласа парламентот. А ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство. Тоа значи ВМРО-ДПМНЕ дека треба да изгласа недоверба на премиер, и да направи Влада... Дали Украина им беше узор, дали некој нешто им вети на СДСМ. Резултатите не дадоа ефект. Да не заборавиме, изнесуваат нелегално стекнати разговори. Кривично дело е што ги поседуваат разговорите. Второ дело е произнесување. Трето кривично дело е државна тајна што оддаваат. Четврто е поткупот на Заев. Се сомневам дека се погрева тензијата со овие случувања, рече Петровски.
Тој смета дека уплашеност имаше по првата бомба, луѓето мислеа што ќе се случи и слично, но сега се е опаднато. За среќа, капацитетите на МВР се сега многу посилни од 2001-ва.
-Различно се капацитетите на МВР во однос на 2001-ва, таму се исти луѓе кои од тогаш имаат искуство, чинови, технолошки повисоко опремени. Заев и СДСМ за се плаче и ја кодоши Македонија кај меѓународната заедница. Тој глуми жртва, затоа беше оставен да се покаже каков е. Јас сум радикал, мислам потврдо треба да се игра. Истрагата привршува, а мислам дека брзо ќе финишира со разјаснување на сите работи, вели тој.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа