Преживеа бродолом: Потресна исповест на Бојан Маровиќ

Триесетгодишниот кантавтор Бојан Маровиќ сними спот за една од песните што се најдоа на него. Поводот за тоа е огромниот интерес на публиката на неговите настапи за песната „Фотографија“ за која спотот е сниман во Македонија. Вели дека во животот му се случиле безброј промени.

Турбулентниот период на Бојан започна после разделбата со Лорена Орлиќ со која беше во врска пет години и живееја заедно.

Лорена и јас дојдовме до момент кога веќе не можевме да се разбереме. Да беше добро  ќе траеше. Подобро е да се пресече и да се продолжи понатаму, баш како што сторивме, изјави Маровиќ во едно неодамнешно интервју. Тоа беше страшен период, за среќа сега е зад мене. Тоа не беше депресија, туку целосен крах. Се затворив дома, гледав филмови, свирев клавир и не ме интересираше ништо друго. Имав огромен подбрадок и изгледав постаро од мојот дедо. Никогаш нема да ја заборавам ситуацијата кога влегов во пекарницата да купам пециво, а продавачката ми рече: „Не ти давам, погледни се на што личиш“. Тоа ми беше аларм и одлучив да се тргнам од лошите навики, луѓе и околина.

Сега ја достигнав килажата што ја имав на 20 години, не одам во теретана, но се чувствувам одлично, изјави Маровиќ.

Извор: Вистина

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега