Ја запросил па се шокирала - романсата во Охрид се претворила во кошмар

40-годишната Карен Рјади од Манчестер мислела дека ја нашла сродната душа кога Сакир Кандан, инаку 12 години помлад од неа, успеал да ја заведе во Мармарис пред три години, но за жал бајката во која живеела се претворила во кошмар. 

Карен доживеала голема загуба кога и починала мајката и заминала во Турција на одмор за да ја среди главата и емоциите. Таму на сафари го запознала Сакир кој тогаш имал 26 години и веднаш ја започнале врската, а држела и диети за да ја сака повеќе. По осумнаесет месеци во врска Сакри ја запросил. Таа плаќала се, авионски карти, хотели, му купава гардероба...а најчесто се среќавале во Охрид.

Се вратила од една нивна средба и се логирала на Фејсбук каде ја видела пораката од една девојка од Македонија која и открила дека Сакир има паралелана врска со двете.

- Бев во целосен шок. Тој ми беше целиот свет и во тој миг почувствував како да ми се урнало небето врз глава. Сфатив колка будала сум била. Ми го скрши срцето и ми го испразни паричникот. Го сретнав идната година во Мармарис, дури имаше дрскост да ми каже дека убаво изгледам. Му кажав дека е тоа така поради тоа што успеав да се ослободам од неговите манипулации. Единственото со што се вратив тој пат од Турција беа тенот и сувенирите“, заклучила жената.

Извор: ВИСТИНА

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега