Многу изненадувања и до 50% попуст - „Палма Мол" го прославува првиот роденден

Измина точно една година од отворањето на најголемиот шопинг центар возападниот дел на Македонија – Палма Мол, кој пречека и испрати околу 5.000.000 задоволни посетители од државата и регионот.

Тимот на Палма Мол заедно со закупците во трговскиот центар, по повод одбележувањето на првиот роденден, ќе им понудат на посетителите многу забавни мигови во текот на роденденската недела, почнувајќи од 27 април, а заклучно со 30 април.Централната забава ќе се случи во четврток на 30 април.

Во склоп на своето роденденско одбележување Палма Мол не ја изостави ни грижата за своите посетители кои сакат да уживаат во шопингот, па токму за нив овозможи роденденски специјални попусти дури до -50%. Освеншопинг со големи попусти, посетителитево текот на роденденската недела ќе можат да уживаат во богата забавна програма за сите возрасти.

Трговскиот центар Палма Мол од отворањето до сегаработеше со голем ентузијазам, со со цел да им понуди на посетителите сигурност и комфорт при секоја нивна посета и токму поради тоа Палма Мол продолжува да функционира во истиот стил, и со уште поголем жар и ентузијазам, со цел посетителите да бидат пречекани во топла атмосфера не само за роденденот туку и секој нареден ден.

 

 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега