Меѓународни изложби на кучиња во Гевгелија

 

 

Во организација на кинолошкото друштво „Кожуф“ од Гевгелија денеска и утре на терените во Негорски бањи се одржуваат две меѓународни изложби на расни кучиња.

Мирослав Трајков, претседател на гевгелиското кинилошко друштво кое неколку години е домаќин и организатор на настанот информира дека на двете изложби ќе продефилираат расни кучиња од Полска, Русија, Чешка, Романија, Канада, Бугарија, Србија, Грција и Македонија.

Изгледот и однесувањето на кучињата ќе биде оценуван од реномирани судии од Италија, Србија, Кипар, Бугарија и Македонија, чии оценки ќе решат за доделувањето на гранд при наградата.

 

 

Оцени ја веста

25.04.2015 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега